Вести
Иницијатаивата за РЕКОМ во посета на верските заедници во Загреб - Извештај
Датум: 19.06.2013.
Во функција на јакнење на поддршката на црквите и верските заедници за Иницијативата за РЕКОМ, на 11 април 2013година, претставници на РЕКОМ ја посети Загрепската надбискупија, седиштето на Митрополијата загрепско-љубљанска, како и Исламскиот центар во Загреб.
Митрополитот загрепско-љубљански ја прими делегацијата на РЕКОМ
Датум: 17.06.2013.
Во вторник, на 11јуни2013година, во просториите на Митрополијата во Загреб, Митрополитот загрепско-љубљански Јован ја прими делегацијата на Иницијативата за РЕКОМ, која ја сочинуваа г-ѓа Наташа Кандиќ, г-ин Жарко Пуховски, г-ѓа Оливера Јовановиќ, г-ѓа Катарина Крухоња, г-ѓа Весна Тершелиќ и г-ин Никола Кнежевиќ. Во име на РЕКОМ, г-ѓа Наташа Кандиќ истакна дека целта на покренатата иницијатива е создавање на точен, службен и објективен запис за воените злосторства и за другите тешки повреди на човековите права, признавање на жртвите и на нивните страдања, како и повторување на злосторствата. Таа ги изнесе и досегашните резултати кои се однесуваат на изработката на регистер на жртви на просторот на поранешна СФРЈ.Митрополитот Јован истакна дека животот мора да се почитува како најголема светиња, а дека сеќавањето на жртвите е нашиот најголем морален долг кон нив, а наша обврска спрема идните генерации е насочувањето во позитивна насока, за злото да не се повторува.
Помирувањето во постјугословенските земји IX Меѓународен форум за транзициона правда
Датум: 13.06.2013.
На 17 и 18 мај 2013 година, во Босна и Херцеговина, на планината Јахорина беше одржан IX Меѓународен форум за транзициона правдапод назив „Помирувањето во постјугословенските земји“. Форумот, во организација на Коалицијата за РЕКОМ, собра околу 220 претставници на организациите на цивилното...
Кардиналот Пуљиќ ја прими делегацијата за РЕКОМ
Датум: 16.05.2013.
Надбискупот митрополит, врхбосанскиот кардинал Винко Пуљиќ, на 16 мај 2013., ја прими делегацијата за РЕКОМ во состав: регионалната координаторка на процесот РЕКОМ, Наташа Кандиќ, Никола Кнежевиќ од Центарот за истражување на религијата, политиката и општеството, како и театарскиот режисер Дино Мустафиќ. Во разговорот учествуваше и генералниот викар на Врхбосанската надбискупија монс. мр. Лука Туњиќ.
Претставување на Извештајот за транзициона правда и на часописот Форум за транзициона правда
Датум: 09.04.2013.
Денес, на 9 април 2013 година, Коалицијата за РЕКОМ ги претстави Извештајот за транзициона правда во постјугословенските земји за 2010/2011 година и часописот Форум за транзициона правда број 4. За извештајот говореа Наташа Кандиќ, координаторката на процесот РЕКОМ и основач на Фондот за хуманитарно право (ФХП), Сандра Орловиќ, извршната директорка на ФХП, Марио Мажиќ од Иницијативата на младите за човековите права од Хрватска, додека Дениса Костовичова, предавач на Лондонската школа за политика и економија, го претстави Форумот. На собирот, модератор беше Маја Миќиќ од Иницијативата на младите за човекови права од Србија.На конференцијата присуствуваа претставници на цивилното општество, амбасадите и медиумите.
Кандиќ: Во Србија има впечатлив застој во соочувањето со минатото
Датум: 08.04.2013.
Денес, во Загреб, Наташа Кандиќ оцени дека соочувањето со минатото во Србија зависи од развојот на односите со Косово.
„Тешко е да се замисли регионална соработка во однос на прашањата од минатото, а при тоа да не постојат нормални односи меѓу Србија и Косово“, рече Наташа Кандиќ, основач на Фондот за хуманитарно право и регионална координаторка на процесот РЕКОМ, по претставувањето на регионалниот извештај за транзициската правда во периодот 2010/2011. година.
Во Бања Лука е одржана јавна дебата за транзиционата правда
Датум: 02.04.2013.
Центарот за демократија и транзициона правда од Бања Лука денес беше домаќин на дебатата на тема „Постигнувањата и предизвиците за транзиционата правда во постјугословенските земји“. Цел на дебатата беше отворање расправа за постигнувањата и предизвиците за транзиционата правда во постјугословенските земји, со посебен акцент на состојбите со транзиционата правда во БиХ.
Претседателката на Косово именуваше свој личен претставник за РЕКОМ
Датум: 25.03.2013.
Претседателката на Косово, Атифете Јахјага, го именуваше својот правен советник Селим Селими за личен претставник во Регионалната експертска група за РЕКОМ [25.03.2013]. До сега свои лични претставници веќе именуваа претседателите на Република Хрватска, Црна Гора и Македонија. Истото го направија и двајца членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, додека именувањето на личниот претставник на третиот член на Претседателството се очекува наскоро.
Делегација на Европскиот Парламент и Комитетот за европска интеграција на Србија ги повикуваат претседателите на земјите во регионот да започнат со процесот за основање на РЕКОМ
Датум: 20.03.2013.
Во заедничка изјава на 19 март 2013 година, делегација на Европскиот Парламент и Комитетот за европска интеграција на Србија ја нагласија важноста на регионалната соработка и добрососедските односи меѓу земјите од Западен Балкан. Делегациите ги повикаа властите да продолжат со поддршката на Иницијативата за РЕКОМ, иницијатива која претставува битен механизам во целокупниот процес на помирување во регионот, а воедно, упатија апел до претседателите кои немаат назначено претставник за РЕКОМ да го направат тоа во најскоро време, како би се отпочнало формалното основање на РЕКОМ.
ТРАНЗИЦИОНА ПРАВДА во Република Македонија - Извештај за 2010-2011 година
Датум: 14.03.2013.
Овој извештај е резултат на систематско следење на напредокот на процесот на транзициона правда во земјите кои произлегоа од распадот на СФРЈ. Регионалниот тим кој стои зад ова истражување е составен од следните невладини организации: Фонд за хуманитарно право (ФХП) од Белград; Младинска иницијатива за човекови права во Хрватска (ЈИХР Хрватска) од Загреб; Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Скопје; Фонд за хуманитарно право – Косово (ФХП Косово) од Приштина; Здружение за транзициона правда, одговорност и сеќавање во БиХ од Сараево; Центар за демократија и транзициона правда (ЦДТП) од Бања Лука; и Цивил линк – Центар за човекови права од Љубљана.


