Коалицијата за РЕКОМ
Коалицијата за РЕКОМ е неполитички регионален собир на организации од граѓанското општество.
Ја сочинуваат мрежа на невладини организации, здруженија и поединци/поединки кои ја застапуваат и афирмираат Иницијативата за РЕКОМ, за основање на Регионална и независна комисија со мандат да ги утврди и јавно изнесе фактите за воените злосторства и другите тешки кршења на човековите права, како и да придонесе кон расветлување на судбината на исчезнатите, во војните 1991 - 2001 година на подрачјето на некогашната СФРЈ.





