!Глас на Иницијативата за РЕКОМ - 3/2012
Датум: 06.02.2012.
Како што е веќе познато, амбицијата на РЕКОМ е, барем на прв поглед, елементарна, едноставна, па дури и - скромна. Во неа не станува збор за ништо друго, туку за тоа, на некој начин, да се дојде до „точен, службен и објективен запис за воените злосторства и за другите тешки повреди на човековите права, за признавање на жртвите и на нивните страдања, како и да се спречи повторување на злосторствата“. Меѓутоа, и покрај дејствувањето на бројни активист(к)и и поддршката на барем еден дел од јавноста на подрачјето на некогашна Југославија, фактите зборуваат дека оваа навидум „скромна“ амбиција со години се соочува со енормни тешкотии во реализацијата. Пречките се како од политичка, така и од моралистичка природа; колку од идеолошка, толку и од националистичка природа; и како од правна, така и од историска природа.
- !Глас на Иницијативата за РЕКОМ - 3/2012 (Симни) - 1,960.70 KB
- !Глас на Иницијативата за РЕКОМ - 3/2012 (Симни) - 1,960.70 KB






